Голем концерт на „Дајте музика“ на стадионот на АРМ, организаторите најавија дека ќе било спектакал

Популарната музичка група „Дајте музика“ на 27 мај ќе има концерт на отворено на Стадионот на АРМ, соопшти организацијата на Аволон Продукција.

„Задоволство ни е ви соопштиме дека во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика”, за првпат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот. Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија“, стои во соопштението на Аволон Продукција.

Музичкиот проект настана од истоимената телевизиска програма, во која главни протагонисти се токму членовите на оваа група, талентираните актери и пејачи кои за кратко време станаа на новата генерација. Аволон вели дека ова претставува за нив огромно задоволство да ги претсатави во живо.

„Сигурни дека после ова, за Дајте Музика ќе се зборува и како за врвен live перформанс исто така како што досега се зборуваше за врвна телевизиска емисија“, се вели во соопштението.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (11-ти април) во 9 часот наутро, на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

  • ПАРТЕР: 400 денари
  • ФАН ПИТ: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба).

Настанот го најави и модната стилистка Цаци Паковска, која е задолжена за нивниот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zap Milano (@cacipakovska)

„Дајте Музика“ претходно настапија во Ист Гејт Мол, каде присуствуваа илјадници фанови од цела Македонија, вистинска инвазија од родители и деца. Дури две деца се загубија среде настап, па ѕвездите на серијата мораа на микрофон да ги побараат родителите

(Галерија) Две деца се загубија на концертот на „Дајте музика“, фановите ќе ја турнеа оградата, лудило на настапот по новите идоли

Scroll to Top