Soundcheck, поп-рок бенд од Гостивар ја објави својата трета песна, насловена „Сенки и спомени“.
„Идејата за песната започна од акустична снимка што ја имавме како импровизација од пробите кои ги одржувавме, потоа му ја испративме на Дамир кој создаде одличен риф и инструментал, и од тука се роди целата идеја за нов проект на Soundcheck и GreenRoom Sound Studio. За видеото се погрижија момците од 351 Studio“, велат од бендот.
Автори на песната се Soundcheck, Дамир Пух и Наташа Миха, кои се погрижија за музиката, тескот и аранжманот.