Градоначалникот на Кисела Вода стана татко

Филип Темелковски, градоначалникот на Кисела Вода, стана татко. Веста за раѓањето на синот ја сподели со своите пријатели на Фејсбук.

„Добредојде синко во претставата наречена живот. Претстава со многу чинови и многу актери. Нека во животот те пратат многу здравје среќа и љубов. Храброст, чесност и искреност нека ти бидат ѕвезди водилки. Да си ми жив уште 100 години“, напиша Темелковски, но не го откри името на момчето.

Од пријателите градоначалникот доби многу честитики за раѓањето на детето.

Синот е прво дете на 35-годишниот градоначалник и на неговата сопруга Ивана.

 

Scroll to Top