Хелена Роза си отиде за Нов Зеланд

По Тошо Малерот кој вчера си замина за Австралија, и познатата водителка Хелена Роза,  се качи на авион,  за Нов Зеланд. Хелана веќе еден месец престојуваше во Скопје, каде го искористи времето  да се види со своите најблиски. Беше дојдена со тримесечниот син Тиан, додека нејзиниот сопруг Игор и ќерката Кијара останаа во Нов Зеланд.

Неодамна во интервју  за „Репортер“  таа  раскаж за животот таму, за тоа коллку било тешко да се снајде на почетокот, па дури морала и да го чисти салонот на „Ауди“, секојдневно бришејќи по 120 бироа, до тоа колку е среќна сега што има стабилна работа, како менаџер за продавница за очила. Рече дека  таму го има мирот и чистиот воздух кои тука ги нема. Во интервјуто, Хелена откри дека за сега неверува дека ќе се врати пак да ќивее во Макдеонија.

Scroll to Top