Охриѓанката Христијана Парулеска освои сребрен медал на Европското првенство во ИТФ таеквондо што се одржува во Јесоло, Италија.
Со ова Парулеска го одбрани сребрениот медал што го освои минатата година во Пореч, Хрватска. Во Италија беше со претседателот и селектор Марјанчо Лазарески и уште со седум репрезентативци.
Покрај Парулеска, Македонија на европско ја претставуваат и Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Владимир Димитриевиќ, Софија Колушоска, Елена Јанеска и Давид Велковски.
„Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја“, рече Лазарески, по успешниот настап на Парулеска.
На ова прво ЕП во традиционално теквондо, по пандемијата на коронавирусот, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија.