Шоуменот Игор Џамбазов денеска е итно однесен во болница. Игор, наводно е хоспитализиран затоа што му се влошила здравствената состојба, пишува „Вечер“. Веста ја потврдил негов близок пријател кој не открил за што точно станува збор.
Ова не е првпат Игор да е во болница. Пред две години тој имаше проблеми со срцето по што му беа ставени стентови.
Игор требаше да одржи концерт пред крајот на годината, но и тој е одложен за февруари следната година.