Игор Џамбазов падна на шармот на Викторија Јаначковиќ

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов вчера ја промовираше својата седма книга „Улица Диши длабоко“. Книгата, во издание на „Три“, е збирка од околу 70 најпознати песни напишани или изведени од Џамбазов, како и од „Нокаут“, Тамара, Тијана, Ребека, Елена и од Калиопи. Во збирката има и текстови кои за првпат на промоцијата се прочитаа во јавност.

Промоцијата беше во мезе-ресторанот „Вип база“, замислена како неформална дружба со гитара, блуз и поезија. На промоцијата дојдоа повеќе колеги на Џамбазов и режисери од МНТ,  пријатели. Чест му направи и манекенката и стоматолог Викторија Јаначковќ, која неодамна се врати од Лондон. Таа сподели и нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Scroll to Top