Глумецот Игор Џамбазов деновиве ги минува без Илина Арсова, која е во Еквадор, па сакаше да покаже колку му недостига со нивна фотографија на која имаат исти фенирани фризури.
„Флизури“ напиша Игор за фотката. И ете го макдонскиот Бред Пит, оти оригиналниот едно време важеше за човекот кој сака да личи на своите девојки.
Па така на пример, Бред Пит кога беше во врска со Џулиет Луис имаше слична фризура како Луис. Подоцна тој беше во врска со колешката Гвинет Палтроу која во тој период имаше кратка коса, па и тој ја скрати својата коса, па дури и ја промени нијансата да биде слична како нејзината. Во времето на Џенифер Анистон тој повторно ја пушти косата и ја промени нијансата на бојата. И секако, последниот актуелен однос е дека, иако немаше долга коса како Анџелина Џоли, ја обои темна. Па така и Џамбазов, по теркот на Бред Пит стана ист како својата девојка.
Арсова периодов е во Еквадор, каде активно ги искачува карпите и највисоките врвови во тој предел од светот. Таа и Џамбазов се немаат видено речеси месец дена.
М. Прличкова