Игор Дурловски се враќа на сцена

Оперскиот пејач Игор Дурловски по долга пауза се враќа на сцената. Тој ова го објави на својот фејсбук профил, велејќи дека ќе настапи во улогата на Тимур во операта „Турандот“  на Мајските Оперски Вечери.

Дурловски беше обвинет за терористички активности за настаните од 27 април 2016, и од крајот на ноември до крајот, на март тој беше во притвор во затворот во Шутка, а потоа беше пуштен во куќен притвор.

Scroll to Top