Македонските гимнастичарки Илина (15) и Ева (12) Соколовски се меѓу 16-те најдобри ритмички гимнастичарки во Германија, секоја во својата категорија.
На последниот републички натпревар, кој се одржи во Боркен, во близина на холандската граница, Илина го освои бронзениот медал, додека Ева, поради повредите, заврши на шестото место. Победничките од овој натпревар, односно најдобрите 10 учеснички влегоа финале, кое ќе се одржи на 11 и 12 јуни и со овој натпревар завршува сезоната на ритмичка гимнастика.
Со пофалби за сестрите Соколовски се пишува и во германските медиуми. Тие за Илина пишуваат дека е силна, самоуверена и сигурна во кореографиите. Овие пофалби дополнително добиваат на тежина ако се знае фактот дека во групата каде се натпреварува Илина таа е најмлада од сите, бидејќи има натпреварувачки и до 30-годишна возраст.
Илина и Ева бидејќи влегоа во финале, ќе се натпреваруваат идниот месец во градот Дан, кој се наоѓа на француската граница.
Освен во регуларните натпревари Илина е и дел од Бундес лигата, која ќе почне во септември и кои натпреварувања се посебни од републичките што Илина и Ева досега ги поминаа освоија медали.