Илина Соколовска прогласена за мајстор по гимнастика во Германија

Гимнастичарката Илина Соколовска (15), е прогласена за мајстор на Северна Вествалија, Германија. Минатата недела, по 18 месеци пауза, таа се натпреваруваше на најголемиот турнир во Хависбек и освои две медали. Додека на натпреварот во Јена, Туринген, го освои четвртото место.

Во Хависбек настапи со две кореографии, чуневи и топка, каде два пати доби најмногу поени. Додека, пак, како првак на Вествалија ја претстави републиката на најголемиот турнир во Туринген, каде во конкуренција од 34 гимнастичарки го освои четвртото место.

Соколовска на 20. ноември ќе настапи во Бундес лигата каде ја очекува нов натпревар, кој ќе се одржи во Берлин. Но поради ситуацијата со коронавирусот, таа мора да се вакцинира за да  продолжи со натпреварите.

„Мора до 20 ноември да се вакцинира инаку нема да ѝ дозволат да се натпреварува. Илина има 15 години и правилата мора да се почитуваат. Гимнастиката е нејзина љубов, нејзин живот и секако дека ќе продолжи да се натпреварува. Таа и минатата година додека се беше застанато не мируваше, постојано тренираше. Летово дојде на одмор во Македонија, но повторно правеше подготовки. Успехот на Илина е само во љубовта кон гимнастиката и упорното вежбање“, вели нејзиниот татко Горан.

Соколовска се заминава со гимнастиката околу 10 години и речиси никогаш не се вратила дома без медал. Досега учествувала на разни натпревари на републичко, државно и интернационално ниво. Во Украина беше прогласена за принцеза, а Германците се гордеат со неа иако таа се натпреварува со македонски пасош.

Сепак никогаш не била повикана да ја претставува Македонија на интернационалните натпревари.
Scroll to Top