„Имав шанса да отидам на чист воздух до Берово“, објасни генералниот секретар на СДСМ зошто не е во Скопје

По објавта на генералниот секретар на СДСМ , дека одмара на Беровско езеро од каде испрати и поздрв во време кога Скопје е под 80 часовен карантин, Љупчо Николовски, предизвика негативни реакции. Особено што пред да замине реча :  „Да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“. Откако медиумите објавија дека е во Берово, а не во каарантиснко Скопје,  генералниот секретар на СДСМ се јави со објаснување.

„Благодарен сум и среќен што на истокот каде што е мојата изборна единица, мерките се
помалку рестриктивни и нема целосна забрана на движењето, па имав шанса на кратко
да отидам на чист воздух до Берово, во најубавата природа од овој дел од земјата.
Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков
карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред“, пишува Николовски.

Кураж од Берово за сите во карантин: И Љупчо Николовски избега од Скопје

Scroll to Top