Искра Шукарова како кореограф и предавач гостува во Рига, Летонија, на интернационалниот фестивал за современ танц Laiks Dejot 2021, кој се одржува од 18 до 24 август во Eduarda Smilga Theatre.
Во Рига денеска Шукарова премиерно ќе го презентира своето ново дело „Децентрализирана циркулација“ во Eduarda Smilga Theatre. Таа информира дека делото ги истражува изведувачките модалитети на глас и движење тема која последните години ја инспирира Шукарова како автор.
Шукарова како дел од својот престој во Рига од 21 до 23 август во театарот Eduarda Smilga ќе оддржи и мастер клас наменет за студенти и професионалци во полето на совремниот танц во Латвија.
Организатор и уметнички директор на фестивалот е Олга Житлухина, која е една од основачите на латвиската современа танцова сцена.