Иван од „Либеро бенд“ ќе стане татко, со Ивана ќе добијат ќерка

Пејачот Иван Јованов од „Либеро Бенд“ ќе стане татко. Тој на Инстаграм објави видео од забавата за откривање на полот, заедно со неговата нова девојка Ивана со која ќе добие ќерка.

Неодамна Репротер објави фотографии на кои Иван беше во друштво на девојката во скопско кафуле.

Иван и беше дечко на пејачката Антониа Гиговска, но по неколку години врска тие раскинаа. За потсетување, Антониа се омажи со неговиот другар Роберт Спaсенцовски со кого доби и син.

Иван пред Гиговска беше во долга врска со телевизиската водителка Јана Серафимова, а го поврзуваа и со пејачката Мартија Станојковиќ.

 

 

 

Scroll to Top