Ивона Јовановиќ дипломира два месеца откако го скрати желудникот: Конечно во животот ми тргна на подобро

Пејачката и блогерка Ивона Јовановиќ (25) дипломира на Факултетот за природноматематички науки, на одделот за нутриционизам. Таа објави слики од дипломското табло и не криеше дека е среќна што конечно го завршува факултетот.

Ивона вели дека претходно била запишана на Факултетот за стоматологија, но животот ѝ тргнал на подобро кога решила да ги смени студиите и да се посвети на нутриционизмот. Вели и дека тоа што го научила на студиите, во моментов ѝ треба најмногу лично за неа, бидејќи неодамна го оперираше желудникот и почна да слабее.

„Денов за мене значеше многу. После промената на студиите од стоматологија на нутриционизам, животот ми се смени. Најбитно од сè ми беше што конечно учев нешто за себе. Нешто кое во пракса сега ми е повеќе од потребно. Конечно од тој период наваму се слушам себеси. Имам уште за чекорење, но дечки, моите слики од табло се конечно тука“, напиша Ивона.

За потсетување, пејачката во август во Турција направи операција со која го скрати желудникот. Тогаш во разговор за „Репортер“ ни рече дека е задоволна што се решила на ваков чекор, бидејќи поради вишокот килограми имала проблеми со здравјето. По операцијата, таа призна дека внимава на исхраната и целосно ги следи советите на лекарите, кои ѝ рекле дека за една година ќе ослабе 80 килограми.

Лекарите ми велат дека за една година ќе ослабам 80 килограми: Ивона Јовановиќ закрепнува по скратувањето на желудникот

Scroll to Top