Јана Атанасовска постигна скијачки рекорд, освои второ место на слаломска трка во Италија до 18 години

Македонската скијачка Јана Атанасовска се пласираше на второто место во категорија до 18 години, односно шесто во финалниот пласман, на слалом трката во Пасо Оклини во Италија. На подиумот стигна во конкуренција со уште 74 натпреварувачки и оствари 52 ФИС точки.

Нејзиното вкупно време е 1:40.10 мин, а победничка на трката беше Италијанката Шајен Костнер со време 1:39.14 мин. Со ова Јана уште во првата сезона на меѓународните ФИС наптревари запиша уште еден рекорд во историјата на македонското женско скијање.

За одличниот резултат честитки доби и нејзиниот тренер Александар Атанасовски.

Scroll to Top