Јавните личности станаа Дедо Мраз, ги израдуваа сиромашните дечиња

Лила Филиповска, актерот  Гораст Цветковски, пејачките Дани Димитровска и Сара Мејс, Тамара Тодевска, водителите Димитар Атанасовски, Елена Стефановска и многу други јавни личности купија подароци за децата што живеат во сиромаштија. Со ова тие се вклучија во акцијата на здружението „Проект среќа“ под мотото „И јас сум Дедо Мраз“. Беа собрани над 300 новогодишни подароци за децата од сиромашни семејства, а подароците во нивните домови од денес ќе им ги донесе Дедо Мраз.

Подароци од тимот на „Репортер“

Подароци за дечињата донираа и голем број компании, а во акцијата се вклучи и екипата на „Репортер“.

„Целта ни е што повеќе луѓе да се приклучат кон кампањата. Ги поканивме нашите пријатели од јавниот живот да купат новогодишен подарок за деца до 11 години, да постават фотографии од подароците на социјалните мрежи и на тој начин да ги мотивираат граѓаните и компаниите да го сторат истото. Важно е кај сите да се разбудат алтруизмот и хуманоста токму за Нова година кога децата и луѓето што немаат се чувствуваат отфрлено“, рече Кристина Арнаудова, основач на здружението „Проект среќа“.

Лила Филиповска
Тамара Тодевска
Елена Стефановска и Кристина Арнаудова
Сара Мејс и Димитар Атанасовски
Андреј и Панко ДНК
Војо Иванов
Гораст Цветковски
Тимот на „Утринска на Телма“ – Гоце, Цеце, Елена и Марко
Дани Димитровска

 

Scroll to Top