Пејачот Јоце Панов на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии од снимањето на една од новогодишните емисии што ќе се емитуваат на телевизијата ДМ САТ. Телевизијата на пејачката Драгана Мирковиќ веќе ја подготвува програмата за новогодишната вечер, а македонскиот пејач е само еден од многуте гости.
Јоце веќе подолго време, освен во Македонија, пее и во Србија и во Хрватска, а преку фотографиите не откри повеќе од она што смее – само за неговиот настап и неколкуте интервјуа што ги дал за телевизијата.