Како на дете со аутизам ќе му објасниш дека не може надвор: Ребека со реакција за полицискиот час

Родителите на децата со нетипичен развој, меѓу кои е и поп-пејачката Ребека, реагираат на новите мерки што ги донесе Владата, од среда полицискиот час да трае од 16 до 5 часот наутро, а за време на викендите движењето да биде целосно забрането.

Таа на својот фејсбук-профил напиша „Дали милслите  дека на  лицата до 18 години со аутустичен спектар на однесување можете да им објасните какви се овие мерки? Децата со попреченост и нетипичен развој имаат свои рутини. Ве молам, дозволете ни движење со придружба по 16 часот. Тие и така не се дружат со останатите надвор, па само им треба прошетка во текот на денот според своите потреби и секојдневни нови рутини кои едвај ги воспоставивме со новите мерки“. Освен Ребека, и неколку мајки на деца со нетипичен развој на социјалните мрежи реагираа против новодонесените мерки поради заштита од ширењето на коронавирусот.

„Од 40 родители, на 35 оваа мерка им е повеќе од тешка. Како ќе се објасни ова на децата со посебни потреби кои имаат свои рутини: Прошетки, возење во автомобил. Свесни сте дека и така изгубеното здравје се нарушува дополнително? Дете со типичен развој ќе го разбере ова. Дете со атипичен НЕ!“, напиша на својот фејсбук-профил Ирена Николовска- Ристановска, мајка на дете со аутизам.

Ребека Јанковска-Ристески изминативе години музиката ја замени со хуманитарни акции. Преку здруженето „Дајте ни крилја“  таа е сè погласна во намерите да им се помогне на овие деца, кои реално се соочуваат со низа проблеми. За потестување, Маркијан, најстариот син на Ребека, е дете со ретка болест – туберозна склероза.

Scroll to Top