Поп-ѕвездата Калиопи викендот беше во Битола и се дружеше со нејзината долгогодишна пријателка, пејачката Олгица Христовска. Двете дами не криеја дека уживаат заедно, оти не се виделе одамна. Тие се прошетаа по Широк сокак, а заедничката фотка Калиопи ја објави на инстаграм.
„Битола ноќе, со мојата Олгица. Луѓето секогаш влегуваат во твојот живот со некоја причина. Но само тие што влегуваат со вистинската причина и кои најискрено ти ги кажуваат работите што не сакаш да ги слушнеш, а ризикуваат да те загубат поради тоа, само тие остануваат во твојот живот засекогаш. Е тие луѓе ги нарекувам пријатели… се извинувам, нив ги викам семејство“, напиша Калиопи.
Калиопи и Олгица се дружат повеќе од триесет години. Тие важеа за едни од најпопуларните пејачки кај нас од деведесеттите наваму. И иако Калиопи остана да пее, Олгица последниве години се повлече од музиката.