Калиопи ја излажа својата менаџерка

Македонската пејачка Калиопи Букле  многу често се вклучува во живо на „Инстаграм“, каде што разговара, пее, се дружи со своите фанови. Таа деновиве за своите фанови ширум регионот организира „Калиопи Фан Арт.

Меѓутоа бидејќи вчера беше 1ви април па македонската пејачка речи да се пошегува со нејзината менаџерка, Лорета. Па и се јави да и каже дека  „Калиопи Фан Арт“ се откажува.

Таа овој момент го сними со својот мобилен телефон и го објави на својот „Инстаграм“.

Во меѓувреме таа е активна на Инстаграм. „Драги мои, За време на изолацијата додека ги следиме препораките и седиме дома, како примарна мерка во борбата против корона вирусот, решив да го искористиме времето за креативност и дружење. Освен што пееме, јас и мојот тим смисливме начин како да бидеме креативни а воедно и поблиску иако сме далеку едни од други, под мотото #седидома“ напиша таа .

За потсетување, пред короната пејачката имаше успешни концерти ширум регионот со кои ќе продолжи по пандемијата. Се уште енмала настап во Македонија.

Scroll to Top