Поп-дивата Калиопи никогаш не криела дека Ромео Грил е нејзината најголема љубов, човекот што ја инспирира и кому најмногу му верува. На својот инстаграм-профил таа постави слика од нив двајцата:
„Вчера го славевме твојот роденден, денес сакам да ти се заблагодарам за убавите песни што нѐ направија среќни… и за тоа што си најдобриот татко на нашиот син… Ти благодарам, Ромео!“, пишува во нејзината емотивна порака.