Карлеуша за Македонецот Александар: „Не сум чула полошо пеење“

By

Македонскиот претставник Александар Стевановски, повторно се обиде да си ја проба среќата во „Ѕвезде Гранд. Но, и овој пат како и пред една сезона, тој не помина во следниот круг. Напротив доби многу негативни коментари од жирито, а пејачката Јелена Карлеуша дури и му посочи дека не слушнала полошо пеење досега.

„Ти беше нешто најдовратно што сум го слушнала“, на што Александар додал дека тоа не е навреда за него, туку комплимент.

Македонскиот претставник во шоуто „Ѕвезде Гранда“, Александар Стевановски, минатата сеозна направил вистинско шоу, откако се фрлил на подот пред жирито и почнал на колена да ги моли за да помине во следниот круг.

Тој тоа го направил тоа со цел да се смири со неговата поранешна девојка Бојана.

Жирито го одбило, а тој повторно решил да се појави на сцената оваа година. Единствената разлика од сега и тогаш е тоа што овој пат, од неговата нова девојка Сања, ја имал целосната поддршка.

 

Погледнете како изгледал неговиот настап минатата година кога Александар се фрлил на под пред жирито:

Ќе ви се допадне