Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен-куќа во Крушево, на 5 октомври, со почеток во 19 часот. На големиот концерт во чест на поп-ѕвездата со која ќе се одбележат 15 години од последниот концерт, ќе пејат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.
Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше. Органзаторите велат дека ова ќе биде убав настан во спомен на Тоше и ги повикуваат сите фанови од Балканот со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. велат од Спомен-куќата. Тоше загина на 16 октомври на кај Нова Градишка во Хрватска, а последниоот концерт го имаше на 5 октомври на Градски стадион.