Каролина Гочева стана русокоса

Македонската пејачка Каролина Гочева објави фотографија на социјалните мрежи каде што може да се забележи нејзината промена на имиџот. Таа сега има многу посветла коса, и речиси да стана русокоса.

Обожавателите веднаш под објавата на фотографијата, на која пејачката напиша дека ужива во Лос Анџелес, почнаа со пофалните коментари за нејзиниот топ изглед.

„Преубава боја на коса“, „Моментот кога ти светат очите“, „Не верувам дека сега ќе те пуштат од Холивуд“, „Прекрасна“, и уште многу пофални коментари.

Каролина со нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин, уживаат во медениот месец, а во моментов се во Калифорнија. По враќањето во Македонија, Каролина планира да го промовира својот нов албум.

 

 

Scroll to Top