Уметникот Михаил Корубин вечерва ќе има изложба во Чифте амам. Самостојната изложба на Корубин, „Визуелна артикулација“ се отвора вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути.
„Секојдневно гледаме по стотици ликови, но сепак ќе се појави некој лик кој ќе ве изненади, натажи, воодушеви или насмее. Фасцинантно е колку сме генетски исти, а сепак толку различни… Нос, уста, очи, веѓи“, изјави Михаил Корубин.
Поддршка и најава за изложбата во Чифте амам Михаил доби и од неговата сопруга Каролина Гочева која објави кратко видео на Инстаграм како најава за изложбата.
Поп-пејачката во брак е со Михаил 6 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати“, изјави Каролина за Репортер.