Мелани Тарчуловска, ќерката на Соња и Јохан, пееше во „Ѕвездите на Гранд“, но не успеа да се пласира во третото коло. Таа ги испеа народната „Јовано, Јованке“ и „Магла“ од Антониа Гиговска, но го разочара жирито. Таа освои четири гласа и замина во баражот, но таму не помина. Жирито ѝ рече дека не е многу задоволно од нејзиното пеење и дека многу често фалширала во песните.
„Одличен обид и убава боја на глас, но не ја слушнав Македонија во песната“, рече Мили за додаде дека слушнал фалшови што воопшто не ѝ приличат.
На овој коментар реагираше нејзиниот ментор, Ѓорѓе Давид, кој го искритикува Мили дека не ја знае песната од Антониа, па затоа бара грешки.
И Вики рече дека не ја знае песната, но дека таа не слушнала грешки во нејзиното пеење. И Босанац ѝ кажа на Мелани дека фалширала и дека не е задоволен од нејзиното пеење.
Мелани го отвори шоуто минатиот викенд, нејзиниот настап почнува на 3:50.