Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, со свој клуб ќе настапи во Првата ракометна лига. Клубот ќе го носи името името „КЛ7“.
Тренер на клубот ќе биде поранешниот стратег на „Вардар“, Андон Бошковски.
„КЛ7“ на Лазаров официјално беше пријавен за настап во второто по квалитет ракометно натпреварување во Македонија, веднаш зад Супер-лигата.
Лазаров создаде силни екипи во младинските категории, а сега сака со својот сениорски тим да се проба во подобрите лиги.
Базата на клубот ќе се наоѓа во Скопје, а веројатно салата „Расадник“ ќе биде местото каде ќе ги пречекува гостинските екипи.
Ова се очекува да се случи по официјализираните преговори со спонзорскиот тим за нејзино превземање и реновирање.