Кој ќе ја замени Јована во Фчерашни новости?!

Наскоро започнува трета сезона од „Фчерашни новости”, а екипата на емисијата се проширува и избира нови репортери, актери и презентери.

Доколку некој од вас сака да стане дел од тимот на Фчерашни, треба да испрати кратко видео на меилот на емисијата, а на кое ќе глуми, изведува скеч, презентира, имитира некого или едноставно ќе сподели зошто сака да е дел од новата сезона.

Јавноста нестрпливо ја очекува новата сезона кога конечно ќе биде откриена мистеријата – кој ќе ја замени Јована Аврамовска и ќе му прави друштво на Петар при презентирање на новостите.

Јована се збогува со „Фчерашни новости“ – добила покана за работа во министерство!

Scroll to Top