Коки и „Тајфата“ пеат за сеќавањата

Никола Јанков – Коки и „Тајфата“ денес го промовираа новото видео за песната „Песно е стара“. Коки рече дека со оваа песна тој сака да долови сечија животна приказна.

„Сеќавањата со пријателите, саканите и со родителите никогаш не се забораваат. Тие се трансформираат во нешто повеќе, нешто што со себе не привлекува само слики од одредена ситуација, туку и чувства што ја разгоруваат и исполнуваат душата. Оваа клучна човечка доблест е со цел да се сеќаваме на моментите што го градат карактерот“, изјави Никола Јанков.

Видеозаписот го режира Антонио Павловски, продукција е на „Сторителер“. Аранжманот, мастерингот и продукцијата ги направи Дејан Ѓоргиевски – Ѕене заедно со Венко Серафимов, кој со Коки соработува уште од времето на дуото „Дуле и Коки“. Придружните вокали се на Андријана Јаневска и Стево Цепишевски.

Во видеоспотот  глумат и актерите Жарко Спасовски и Никола Стефанов.

Во спотот се појавуваат и Томе Корнер, Владимир Тулиев, Јасмин Маневски и Златко Симеоноски – Зеко.

Подолу гледајте го новиот спот на Коки и „Тајфата“.

 

Љ.В.

 

 

 

Scroll to Top