Со колачи и вино Ристе Ристески славеше роденден во Сиднеј

Поп-пејачот Ристе Ристески во Австралија го прослави 23 роденден. Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ преку своите профили на социјалните мрежи се пофали дека роденденот го прославил во луксузен ресторан во Сиднеј. Тој објави и слика од колачи со роденденска свеќа и и вино напиша „Среќен ми роденден“. Ристе потоа им се заблагодари и на сите пријатели и следбеници што му го честитаа родендот.

Ристе е во Австралија од минатата недела и ќе има неколку настапи пред Македонците во Сиднеј.

Scroll to Top