Актерката Весна Петрушевска чија колата вчера се најде во водите на Вардар, напиша дека автомобилот бил паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од актерите се паркирале таму кога оделе на проба или кога имале престава.
„Таму се оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема. Неисе, за сите што шпекулирате, имате дневна сензација, претпоставувате апсурдни нешта (примерно сум возела покрај кеј, па сум влетала во Вардар и сум излегла мртва ладна) да ви кажам дека беше на оддалеченост од кејот со крената рачна и во брзина. Се останато има служби ќе си истражат. Во секој случај е морбидно и грозно“, напишала актерката на својот фејсбук-профил.
„За недозволено паркирање се плаќа казна. Не ме зачудува воопшто лошотијата и ‘храброста’ зад тастатура“, дополнила Петрушевска.