Колегите ја поддржаа Каролина  

На четвртиот концерт на поп-ѕвездата Каролина Гочева вчеравечер во МОБ  дојдоа и нејзините колеги. Во публиката повторно можеа да се видат многу познати македонски јавни личности, меѓу кои и блиските пријатели на Каролина – Елена Ристеска и Панчо ДНК. И двајцата и јавно на своите фејсбук-профили ѝ напишаа поддршка на Каролина, пишувајќи дека имала маестрален концерт.

 

И четвртата вечер помина беспрекорно со емоции раскажани низ приказна наречена „Извор”.

За Каролина и нејзиниот тим остануваат уште три концерти од овој маратон закажани за  1, 2 и 3 март во МОБ.

Фото: Стефан Рајхл

 

Scroll to Top