По вчерашната објава за кавгата на поранешната водителка и инфлуенсерка Миа Костова која рече дека добивала смртни закани од брачната двојка Константин Плевнеш и Марија Пијанманов, денес се огласија и тие, и велат дека нема никакви закани од нивната страна.
„Јас, Константин Плевнеш во придружба на мојата сопруга Марија Пијанманов се наоѓаме на едно студисоко патување во Франција каде се занимаваме со уметност и ги отфрламе сите брутални невистини кои ги објави Миа Костова. Ниту некому сме му се заканувале , ниту кон некого имаме злобни мисли. Ние сме луѓе кои ја сакаат уметноста и сакаме низ уметничките форми да ги изразиме нашите погледи кон светот. Никого не сме навредиле“, вели за Репортер Константин Плевнеш.
За потсетување целата драма почна уште вчера откако Миа во видео објави дека имала закани од брачната довојка. Таа за Репортер рече дека тие ѝ се заканувале по живот, а и го спомнале и детето. Констанин Плевнеш пак вели дека никому не претеле.
Сето ова се споделуваше на Инстаргам и на социјалните мрежи. И Миа Костова и Плевнеш-Пијанаманов добиваа и критики и поддршка од своите следбенци, па цел ден ги објавуваа пораките кои им стигаа.