Концерт вечер со Панчо и Андреј, куќа части ѝ пијачка

Панчо и Андреј од ДНК решија да направат журка за да не биде досадно седењето деома.

„Здраво, здраво добри луѓе со оглед на актуелната ситуацијата со коронавирусот знаеме дека на сите вам/нам ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот престој. Денес/понеделник со почеток во 21 часот ќе направиме live stream (видео/аудио) концерт од едукативно-забавен карактер и, пред сè, во домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за тоа дека е најбитно во ова време да се остане дома . Ќе се дружиме интерактивно ќе шизиме и пееме по дома ,  вие изолирајте се, следете ги препораките од Министерството за здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот на ДНК“, велат Панчо и Андреј.

П.С.: Пијачката на сите ќе ви бде од куќата.

За реализација на овој проект освен Панчо и Андреј се погрижија и Стојан Стојановски, 2С Студио, LiveStream.mk, Оливер Петровски и Backline Rental Скопје, Македонија.

Scroll to Top