Кристина Димитријевска стана заштитно лице на светски бренд

Моделот и фитнес-инструктор Кристина Димитријевска е првото заштитно лице на производите на Кевин Леврон за Македонија. Таа деновиве ја започна соработката со светскиот бренд за суплементи за боди-билдинг и здрава исхрана. Леврон, кој има над 1 милион следбеници на „Инстаграм“, е професионален бодибилдер, кој освои 23 титули во кариерата. Кристина не крие дека е пресреќна од новиот ангажман и за „Репортер“ откри дека самиот Леврон ѝ понудил да биде негов бренд-амбасадор.

„Кевин Леврон е жива легенда и крал на бодибилдингот. Лично тој ме пронајде на ‘Инстаграм’ и ми предложи да станам амбасадор на неговиот бренд, а јас бев воодушевена. Не ми се веруваше и ми требаше време да сфатам дека ова е вистина“, ни раскажа Кристина.

Таа вели дека оваа соработка ќе ѝ помогне многу во кариерата, не само кај нас, туку и во светот.

„Соработката со Леврон ми отвора големи врати во оваа професија, и во фитесот и во боди-билдингот. Кога имаш љубов кон нешто, и чисто срце и мисли, тогаш работите доаѓаат сами“, додава Кристина.

За потсетување, Кристина долги години е дел од модното студио „Црнокрак“, а работи и како фитнес-тренер. Таа неодамна беше избрана за првата Мис карантин на светот.

A. Јовановска

Кристина Димитријевска: По разводот, јас сум и мајка и татко на мојот син

Scroll to Top