Куп награди за филмот „Налепница“ на Георги Унковски во Италија

By

Кратката комедија на режисерот Георги Унковски „Налепница“ („Sticker“) освои шест награди на првото издание на Фестивалот на краткометражен филм Апулија филм фестивал во Италија.

„Налепница“ ги освои наградите: најдобар филм, најдобра режија, сценарио (Георги Унковски), најдобар актер (Сашко Коцев), монтажа (Мартин Иванов), како и наградата Popular Jury Vote.

Филмот на Унковски беше во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет. Досега има учествувано на повеќе фестивали, меѓу кои и на престижниот „Санденс“ во САД. Има освоено неколку меѓународни награди.

„Налепница“ имаше премиера во 2019 година.

 

 

Share

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне