Лара и Пајак снимија дует, песната ќе ја промовираат на „Макфест“

Поп-пејачката Лара Иванова и тарп музичарот Пајак снимија дует што ќе го промовираат на годинашниот „Макфест“. Текстот за песната Bella го напиша Пајак, а аранжманот е Иван Јованов-Ивајо.

Песната зборува за секојдневието на еден заљубен пар и сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат, открија Лара и Пајак.

Дел од песната е веќе објавен на инстаграм-профилот на „Макфест“, а Лара и Пајак ќе пеат на 22 октомври, на втората фестивалска вечер.

На годинашниот фестивал, кој ќе се одржува на 21 и 22 октомври. ќе пеат и Тамара Тодевска, 2 бона, Андријана Петрушовска, Виктор Апостоловски, Андреа, Викторија Лоба и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makfest (@makfestfestival)

Scroll to Top