Лара, Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, вчера ја имаа првата проба во Ереван. Тие на големата сцена во Ерменија ја испеаја нивната песна „Животот е пред мене“. Песната е на Симон Трпчески и Дарко Димитров.
Организаторите објавија неколку фотографии од пробата, а на социјалните мрежи коментираат дека сцената делува симпатично и весело.
Лара Јован и Ирина и двете танчерки, Александра и Мила, ги облече дизајнерот Андреј Папаз.
Јуниор Евросонг ќе се одржи в недела, на 11 декември.