Лара, Ирина и Јован утре ќе пеат на Јуниор Евросонг во Ереван. Тие ќе настапат десетти по ред со песната „Животот е пред мене“, што ја направија Симон Трпчески и Дарко Димитров. Еден ден пред натпреварот испратија порака до сите фанови од Македонија дека може да гласаат за нив преку официјалната страница на Јуниор Евросонг каде што е дозволено да се гласа за сопствената земја.
„Гласајте за Македонија“, вели македонскиот тим.
На официјалната страница на Јуниор Евросонг може да се гласа за три земји, вклучувајќи ја и сопствената. Интернет гласањето ќе трае до 11 декември до 15:59 часот, односно до пред почетокот на музичкото шоу. Овие гласови потоа ќе се спојат со гласовите од публиката што ќе гласа преку СМС. Тие се половина од вкупните поени што ќе одлучуваат за победникот. Останатите педесет проценти од гласовите ќе ги даде жирито.
Годинашниот Јуниор Евросонг се одржува во Ереван, Ерменија. Преносот во недела (11 декември), ќе почне во 16 часот на МРТ1.
Лара, Јован и Ирина имаа прва проба на Јуниор Евросонг во Ерменија