Лила претера со филерите, па веќе почна да личи и на својата мачка

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска објави слика со својот миленик, мачорот Рангер. Сличноста меѓу Лила и Рангер ја забележаа и фановите на водителката. Едни се пошегуваа дека по некое време милениците почнуваат да личат на своите газди, а други велат дека Лила претерала и со филерите и со филтрите за сликање.

Лила веќе неколку години го чува Рагнер. Таа постојано споделува слики и видеа со него и најчесто се жали дека мачката не сака да се слика или дека ѝ прави белји по дома.

Scroll to Top