„Љубов без граници“: Александар и Дац им врачија „љубовни пасоши“ на седум амбасадори во Македонија

На 3 јуни 2025 година во „Трибека Парк“ во Скопје, амбасадори од седум земји од регионот беа дел од уникатен настан што ја спои дипломатијата со уметноста и емоцијата.

Под мотото „Љубов без граници“, музичкото дуо Александар и Дац, балканските амбасадори на љубовта и позитивната енергија, свечено им ги врачија Љубовните пасоши на дипломатите присутни на оваа вечер полна со музика, хумор и човечка топлина.

Со почеток во 21:00 часот и со топло добредојде, проследено со музички изведби на популарните македонски артисти, Александар и Дац преку својата уметност пренесоа порака на пријателство, разбирање и заедништво.

Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Н.Е. Драган Јаќимовиќ, Амбасадор на Босна и Херцеговина, Н.Е. Нивес Тигањ, амбасадор на Република Хрватска, Н.Е. Жељаско Радуков, амбасадор на Република Бугарија, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадор на Република Србија, Н.Е. Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија и Н.Е. Зоран Миљаниќ, амбасадор на Црна Гора во нашата држава, опкружени со насмевки и аплаузи, ги примија симболичните пасоши – документи без рок на важност, кои отвораат граници преку љубовта.

На настанот како специјални гостинки на Александар и Дац настапија популарните женски вокали Маја Гроздановска Панчева, Вера Јанковиќ и Билјана Ѓошева и се демонстрираше дека културата и музиката се најсилната форма на соработка – универзален јазик што ги поместува границите меѓу луѓето и гради мостови на пријателството.

Scroll to Top