Маестро Александар Џамбазов, таткото на Игор, наполни 82 години. Роденденската забава била во „Скара бар“ , а фотографијата од ја сподели Весна Петрушевска. На роденденската журка, покрај Игор Џамбазов, чест му направиле и актерот Тони Михајловски, со сопругата Александра и синот Максим, Пере од „Нокау“, Весна Бејби, Харе Гуру…најблискиот круг на Џамбазови.
Александар Џамбазов е роден село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број награди. (А.Г.)