Македонец е европски првак во кик-бокс

Македонскиот репрезентативец во кик-бокс, Димитар Ѓорѓиев, стана европски првак во категоријата до 86 килограми. Ѓоргиев златниот медал го освои на континенталниот шампионат што се одржува во Братислава, Словачка. Тој во финалето го победи рускиот репрезентативец Рамазан Баксанов.

Со ова македонскиот репрезентативец продолжи да реди успеси на големите натпреварувања. Тој е трикратен светски првак. Ова за него е прво злато од европските шампионати.

Scroll to Top