Успешниот македонски програмер кој одлично се проби и во модниот свет, Дан Лимај веќе неколку месеци престојува во Италија.
Луѓето кои професионално се занимаваат со програмирање и работат на напредни проекти имаат флексибилно работно време, но нивна најголема предност е што можат своите обврски да ги извршуваат буквално од било која точна во светот. Дан максимално ја користи оваа предност за да прошета низ светот и да запознае што поголем дел од земјата.
На неговите профили на „Инстаграм“ и „Снепчет“ има низа фотографии од преубави живописни пејзажи од кои запира здивот. Иако никогаш не објавува фотографии од својот тренинг, Лимај се грижи за својата линија и внимава каква храна консумира.
Миленикот на турската публика, познатиот Дан Лимај кон крајот на 2014-та година потпиша договор вреден илјадници евра за да се појави во неколку рекламни спотови на турски гигант, а во првата половина од 2015-та година, СитиБанк го прогласи за најпрофитабилен програмер на Балканот. 2015-та ја завршува со жешка фото сесија пред објективот на најпопуларниот албански фотограф во регионот, големиот Ветон Османи, а веќе во почетокот на 2016-та неговиот лик ги краси страниците на најтиражните албански медиуми.
Од македонските брендови единствено му се допаѓаат рачно изработените костими на „Signori“ и со нив соработува со задоволство, а во последнава година се повлекува од модните едиторијали и своето внимание целосно го посветува на своите проекти и клиенти.