Македонецот Крис Петровски глуми во серијата „Црна листа“

Македонскиот глумец Крис Петровски викендов ќе снима епизода од хит-серијата „Црна листа“ (Blacklist), во која главната улога ја игра Џејмс Спајдер. За „Репортер“ тој откри дека во серијата ќе глуми негативец.

„Се појавувам во една епизода од шестата сезона на серијата. Го глумам главниот негативец, компјутерски хакер кого го брка единицата на ФБИ, предводена од Елизабет Кин. За жал, немам ниедна сцена со Џејмс Спајдер“, ни кажа Крис.

Тој деновиве го заврши снимањето на филмот „Тапанарот“, каде што глуми заедно со холивудската ѕвезда Дени Гловер („Смртоносно оружје“).

Подготовки за снимањето на серијата „Црна листа“

„Снимањето е готово, а по овој викенд ме чекаат нови аудиции“, додаде Крис.

Актерот роден во Битола досега глумел во неколку популарни серии, меѓу кои и „Госпоѓа државен секретар“.

(А.Ј)

Интервју со Крис Петровски, Македонец што глуми во хит-серијата „Госпоѓа државен секретар“

Scroll to Top