Македонија со најлоша облека на Евровизија

 

Нашите претставници на годинашниот Евросонг кој што се одржа во Лисабон, Португалија, групата „Ај кју“, и официјално се пргласени за најлошо облечени. Станува збор за наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.

Самата награда го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која што тогаш го шокираше светотот со фустанот кој сама го креирала за настапот.

Веднаш по Македонија, како најлошо облечени претставници оваа година се рангирани музичарите од Австралија и Белгија.

Ова не е прв пат нашата земја да се закити со БДА. Во 2005 година, истата титула ја доби и тогашниот претставник на Евровизија, Мартин Вучиќ кој настапи во сако со розева боја.

Scroll to Top