Македонските фудбалери донираа 30.000 во борба против коронавирусот

By

Членовите на македонската фудбалска репрезентација и стручниот штаб донираа 30.000 евра за Фондот за здравство во борбата протов коронавирусот. Овие пари ги донираат во знак на благодарност до здравствените работници, пренесува „Спортмедиа“. Порталот пишува дека капитенот Горан Пандев дал 10.000 евра, но и дека фудбалерите сега чекаат да добијат жиро-сметка на која ќе можат да ги уплатат собраните финансиски средства.

„Искрено не сакавме публицитет. Нашето здравје и здравјето на сите останати е на прво место. Оваа иницијатива е од пред неколку дена. За кратко време успеавме да ја собереме оваа сума пари и да помогнеме во овие тешки денови. Секој од нас дополнително, финансиски ќе помогне во своите градови, општини, како и места каде што играат фудбалерите. Уште еднаш ќе напоменам, нашата цел не беше да привлечеме внимание. Се надевам овој наш пример ќе допре до оние кои можат многу повеќе да си дозволат“, рекол Пандев во изјавата за порталот.

Фудбалерите се првите спортисти од Македонија кои одлучија да донираат за здравството и здравствените работници.

Ќе ви се допадне