Македонско-српска диџеј журка во време на корона

Македонскиот диџеј Марјан Петровски, познат како диџеј Мац и српскиот диџеј Рајд Мајк, во сабота ќе организираат заедничка онлајн журка за своите фанови од Македонија и Србија. Под мотото #ЗаедноСмеПосилни и #СедиСиДома, тие ќе организираат забава преку нивните инстаграм профили djmatsofficial и ride.mike. Журката почнува во 20:45 часот.

„Решивме да направиме целовечерна забава, со најголемите светски хитови, но и ретро музика и да го сплотиме народот на двете земји. Да шириме љубов и добра енергија. Зошто да се досадуваме во изолација, кога може да се журкаме заедно“, ни рече диџеј Мац.

Тој изминативе денови неколкупати организираше онлајн забава во живо преку Инстаграм и Фејсбук – ги пушташе најголемите македонски хитови, па правеше хип-хоп забава, а една вечер пушташе само песни од Тоше Проески.

Scroll to Top