Манекенката Билјана Јаневска е избрана за нов генерален секретар на ЛДП во Карпош. Иако започна како вели со кикс за локалните избори, имаше прилика да им се заблагодари на претседателката на партијта Моника Зајкова за довербата.
„Почитувани пријатели, на моја огромна чест и задоволство, од денес сум именувана за нова генерална секретарка на ЛДП во Карпош. Почнав со голем кикс за локалните избори, но ЛДП како прогресивна и транспарентна партија ми даде шанса да се покажам и докажам со напорна работа. Се ми е како во сон. Благодарам од срце. Од јас нема шанси да се бавам со политика, до ЛДП мојата најголема пасија. Со срце за Карпош“, рече Јаневска.
За потсетување, Билјана две години работи во Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ како референт за техничка документација во Одделението за техничко одржување и безбедност и здравје при работа. Таа е дипломиран инженер по менаџмент за еколошки ресурси и магистер по управување со отпад.
На јавноста и стана позната работејќи како модел ангажиран на ревии, во реклами, насловни страници. Беше придружничка за Мис модел туризам во светот, на овој избор освои три титули за убавина во три различни категории.